Македонија
30. December 2016 - 9:34

Топла облека за бездомните лица во прифатилиштето во Момин Поток

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, по повод новогодишните празници денеска ќе го посети Пунктот за бездомници на Црвен крст во Момин Поток и ќе им подели подароци со топла облека на 50-те корисници на пунктот.    

Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје, кој функционира веќе осма година, нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом и има за цел да овозможи тие да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството. Пунктот е финансиски поддржан од Град Скопје и повеќе компании и граѓани. Заради студениот бран, од утре пуктот ќе биде отворен 24 часа.