Свет
5. December 2015 - 14:17

Тони Блер : Воздушните напади на џихадистите не се налик на интервенцијата во Ирак

Поранешниот британски премиер Тони Блер изјави дека воздушните напади на авионите на Кралското воено воздухопловство (РАФ) врз позициите на џихадистите во Сирија, не налик на интевенцијата во Ирак, во март 2003 година.

Во разговор за Би-Би-Си, Блер рече дека конфликтот во Сирија е различен од оние во Ирак и пред тоа, во Авганистан, затоа што САД и Велика Британија сега имаат сојузници во регионот.

Според поранешниот премиер, искуствата од интервенциите во Ирак и во Либија, покажуваат дека „справувањето со диктаторите„ не е доволно за „ поширока борба против екстремизмот“.

Изјавата на Блер доаѓа по одлуката на Парламентот во Лондон да дозволи авионите на РАФ да ги бомбардираат сириските џихадисти, по што во четвртокот и во петокот британски „Тајфуни“ и „Торнада“ нападнаа цели на Исламска држва (ИД).

- Дури и кога ние (Велика Британија) би мислеле дека би можеле да се држиме настрана од Сирија , тоа не е можно, зашто драматично се вклучени нашите сосптвени интереси,  вели Блер.

Тој смета дека по париските терористички напади од 13 ноември, повеќе не може да му се дозволи на ИД да се чувствува засилено и зцврснат.

Но Блер инсистира дека сирискиот конфликт е различен од ирачката интервенција, поради сојузниците што Американците и Британците ги имаат во тој дел од светот.