Томсон: Македонија е важан сојузник на САД, без коментар на пропагандата на Путин
Македонија е важен сојузник на САД и оваа администрација продолжува со поддршката за влез на земјата во НАТО и имплементација на Преспанскиот договор со Грција. Очекуваме и Атина да го исполни својот дел од договорот, изјави за МИА Андреа Томсон, заменик државен секретар за контрола на вооружување и меѓународна безбедност.
На прашањето на МИА за ставот на американската Влада за ставот на рускиот претседател Владимир Путин дека Преспанскиот договор е постигнат под надворешен притисок и дека Македонија со сила сака да се внесе во НАТО, но и дека политиката на САД го дестабилизира Балканот, таа одговори: „Немам коментар на ставот на рускиот претседател, бидејќи тоа е политичка пропаганда неповрзана со стабилноста и безбедноста на Балканот.“
Пред да стане заменик државен секретар за контрола на вооружување и меѓународна безбедност, Томсон беше советник за национална безбедност на потпретседателот Мајк Пенс.
-Во ова својство имав можност да го посетам Балканот во текот на турнејата на поптретседателот Пенс на регионот и сакам да истакнам дека Македонија е важен сојузник на САД. Оваа администрација продолжува со поддршката за влез на земјата во НАТО со имплементација на Преспанскиот договор со Грција. Очекуваме и Грција да го исполни својот дел од договорот, изјави Томсон за МИА.
Таа денес е во Брисел каде со сојузниците од НАТО дискутира за прекршување на договорот за ликвидација на ракетите со мал и среден дострел од страна на Русија.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање