Свет
8. February 2016 - 11:24

Токио ќе испрати финансиска помош за Тајван поради силниот земјотрес

Јапонската Влада ќе испрати до тајванскиот Црвен крст финансиска помош во износ од еден милион долари поради силниот земјотрес, кој го погоди островот во саботата, изјави денеска генералниот секретар на јапонскиот кабинет, Јошихиде Суга. 

Земјотресот со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала разурна околу десет згради во југозападниот дел на островот.

Билансот на жртвите достигна 36 лица, а над сто лица се сметаат за исчезнати.