Џет-Сет
21. May 2016 - 19:46

Тој не е од оваа планета: Марко Бошњак со извонредно ја отпеа „Бато“ на Калиопи

Марко Бошњак уште еднаш воодушеви со својата интерпретација.

Овој пат се одлучи за песната на Калиопи „Бато“ и направи вистинска поплава од емоции во студиото на „Пинкови ѕвездички“ што се емитува на ТВ Сител.

-Ова е сега тој рефрен во горна октава кој беше многу повеќе. Му даде нешто што ја направи оваа интерпретација пресјајна. Ова е божествено, рече Гоца Тржан.

-Ти се некој вонземјанин кој ни носи плима и осека. Таков ролеркостер кога ти пееш. Привилегија си да те слушаме во живо, смета Леонтина.

Хари не можеше да верува како отпеа Марко.

-Јас ги обожувам ваквите моменти. Јас кога ќе го видам ова чудо и мал цунами, јас мислам дека тоа е најдобриот момент на телевизијата денеска. Пак даде нешто свое. Повеќе не е битно што ќе пееш, туку дали тој цунами од емоции ќе дојде. Секој чест, вели Милан.

-Тој талент е преголем, несогледлив, заклучи Јелена Томашевиќ.