Џет-Сет
15. March 2016 - 12:30

ТЛЗП - Избрани ликовите за третата емисија

Третата сезона од музичкото реално шоу Твоето лице звучи познато почна одлично, а победата во втората емисија ја однесе Ивана Петерс во улогата на Палома Феит. Нашиот Даниел Кајмакоски, кој настапи како Бруно Марс со темата "Uptown" и доби одлични коментари од жирито, успеа да се пласира на третата позиција.
 
 
Беше одличен, ти си еден од најдобрите машки вокали на овие простори, кореографијата ти беше феноменална", воодушевено коментираше Кнез.
Иван Ивановиќ, пак, се пошегува дека настапот на Даниел го доживеал мошне емотивно зашто го потсетил на баба му.
 
 
Мојата покојна баба носеше витлери, па ова беше емотивно за мене", рече Ивановиќ. Дека врвно отпеал потврди и поранешната победничка во ТЛЗП, Ана Кокиќ.
Со настапот со кој всушност и го отвори шоуто Даниел покажа дека за него нема тешка задача, а витлерите на главата, темниот тен, одличниот глас и фантастичните сценски движења беа само јаготка на шлагот.
 
 
Не помалку интересни за гледање и, секако, слушање беа и Рајка или Дара Бубамара во улогата на Рамбо Амадеус, потоа минатонеделниот победник Никола Роквиќ, кој овој пат беше татко му Маринко, фолкерот Халид Муслимовиќ, пак, се појави депилиран и во кусо здолниште како колешката Стоја...
 
 
Славица си оди, трудна е!
 
Наводно фолкерката решила да го напушти шоуто затоа што е бремена и не може физички да ги издржи кореографиите и подготовките.
 
Не можам повеќе да учествувам. Сето ова ми е премногу напорно затоа што сум трудна", им рекла на организаторите на ТЛЗП.
Славица е верена за голманот Владимир Аврамов и таа заради учеството во шоуто од Јапонија се врати во Белград.
 
На Дара Бубама и се стемни заради Карелуша!
 
Идната недела Дара Бубамара ќе биде Јелена Карлеуша задача заради која воопшто не и беше драго, оти јавна тајна е дека двете пејачки се лути ривалки. Нашиот Даниел, пак, в недела ќе го видиме во улога на жена, тој ќе биде Тина Тарнер.
 
На сцената во третата епизода од ТЛЗП уште ќе застанат и Цеца, Енрике Инглесијас, Балашевиќ, Скај Виклер, Ексл Роуз, Даворин Поповиќ, Ивана Петерс и Ерос Рамацоти.