Тлото во Албанија не мирува, итна седница на Владата
Тлото во Албанија не мирува. Од првиот силен земјотрес што беше регистрира вчера во 16:04 часот со магнитуда од 5,8 степени според Рихтер и интензитет од 7,5 степени, на 30 километри северно од Драч, во Јадранско Море се регистрирани серија од најмалку 25 земјотреси, со различна јачина.
Последниот е регистриран претпладнево во 9:00 часот со магнитуда од 3,5 степени.
Поради тоа жителите на овој пристанишен град, ноќта ја поминаа под отворено небо.
Премерот Еди Рама по полноќ, веднаш по пристигнувањето од Германија, одржа итна седница на Владата. Тој искажа голема благодарност до сите структури, посебно до белите мантили за нивната несебична ангажираност.
– За среќа нема жртви и ова е една од причините да дишеме полесно. Имаше повредени лица и тие добија лекарска помош, им посакуваме на сите брзо закрепнување. Ќе бидеме со полн капацитет. Сакам посебно да се заблагодарам, не формално, на белите мантили и на сите од здравствениот сектор за добрата организација за се што сторија од случувањето на настанот, изјавил Рама.
Тој за денеска закажа итна средби со префектите, парламентарната група на Социјалистичката партија, министри и градоначалници на кои ќе се прецизираат активностите во надминување на настанатата ситуација.
Инаку, дека вчерашниот земјотресот бил многу силен сведочат и фотографиите на кои се гледа како огромна карпа или поточно цел рид се урива, во близина на приморскиот градот Каваја, позната под името „карпата кај Каваја“.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија