Македонија
4. April 2020 - 13:02

Тивко и празно е во Куманово

Тивко и празно е по улиците на Куманово. Дождот не престана да паѓа од вчера. Граѓаните не излегуваат на улиците и ја почитуваат забраната за движење која почна од вчера од 21 часот и ќе трае до понеделник до пет часот.

Владата вчера ја донесе одлуката за забрана и посебен режим на движењето на населението, полициски час, во Општина Куманово.

Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.