Тенис
19. March 2018 - 12:44

Титулата во Индиан Велс за Дел Потро

Она што го најави пред финалниот меч, Хуан Мануел дел Потро и го потврди во пресметката со незапирливиот Федерер кој  не успеа да ја одбрани титулата од Индијан Велс и да стигне до својот 98. трофеј во кариерата. Упорниот Аргентинец  го совлада во драматичен меч со 6:4/6:7(8)/7:6(2).

Дел Потро лесно го освои првиот сет со еден брејк, по што во вториот сет имаше една меч-топка, но Швајцарецот се врати во тај-брејкот за да примора трет сет со 10:8. Тај-брејкот беше доста нервозен и двајцата тенисери имаа проблеми со судиските одлуки.

Во третиот сет, се играше поен-за-поен до 4:4, кога Федерер го направи клучниот брејк за да поведе со 5:4 и да добие шанса да сервира за победа.  Тој пропушти меч-топка, и Аргентинецот успеа да израмни на 5:5, по што беше јасно дека ќе се игра тај-брејк. Во одлучувачките моменти, Дел Потро направи предност од 5:0, која на крајот ја задржа и ги доби тај-брејкот со 7:2.