Македонија
21. September 2015 - 10:17

Титулата Национален уметник за Ана Дурловски

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ја додели титулата Национален уметник на Република Македонија на оперската певица Ана Дурловски.
 
Признанието, како што соопшти Кабинетот на Иванов, се доделува согласно Законот за национален уметник на Република Македонија.
 
Досегашни добитници на оваа титула се музичкиот уметник и пијанист Симон Трпчески, сценаристот и режисер Милчо Манчевски, естрадниот уметник Есма Реџепова-Теодосиевска и оперскиот пејач Борис Трајанов.