Тирана светна во новогодишно руво
Празнична атмосфера од синоќа завладеа во албанскиот главен град, Тирана.
Иако граѓаните минаа тешки денови како последица на катастрофалниот земјотресот, албанската метропола веќе се обидува да се врати во нормала и празнична атмосфера.
Освен што беа запалени светлата на големата новогодшна елка, традиционално на плоштадот „Скендербег“,украсени со светилки се и улиците и плоштадите.
Градоначалникот Велиај ја објави акцијата „Кутија“,во знак на подршка на децата погодени од земјотресот.
– И децата од Тирана ќе помогнат. Секој ќе земе кутија од чевли и ќе ја наполни со играчки, книги, пенкала за децата во Туман, Драч, Лач и Лежа. Ако ни помогнете да направиме подароци за децата погодени од земјотресот тоа ќе биде најубава Нова Година, апелираше Велиај.
Осветлена новогодшна елка поставена е и во Драч, еден најпогодените од земјотресот.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители