Loading Video...
Кошарка
30. July 2019 - 18:27

Тимската игра им ја донесе и четвртата победа на македонските јуниори

Јуниорската кошаркарска селекција на Македонија ја оствари и четвртата победа на ЕП во Романија.  На шампионатот за играчи до 18 години што се одржува во Ородеа, а во рамките на 4.коло на Б групата, репрезентацијата на Македонија ја совлада Словачка со  убедливи 83-58. 
 
Избраниците на селекторот Тони Симиќ уште еднаш потврдија дека се во одлична форма, а воедно и најважно, дека функционираат како тим. За тоа најдобро говори фактот, дека Симиќ на овој меч им даде поеднакова  шанса и минутажа на сите кошаркари. Па така, Јакимовски и Митевски постигнаа по 10, Миловановиќ и Исајлоски по 9 поени, а Ташовски и Зекири по  осум поени, итн, итн... 
 
Без разлика на утрешниот последен меч во групата против Данска, нашата селекција ќе биде сигурно првопласирана во својата група, па ќе го очекува второпласираниот тим од А групата, во која засега максимални четири победи има Полска, додека Белгија и  Естонија имаат по со една помалку (3-1). 
 
Така најверојатно утрешниот дуел меѓу Естонија и Полска ќе решава и кој ќе биде противник на Македонија во четвртфиналето.