Тимоние - Ѓоргоска-Илиевска: Прикажувањето на „А Фонд“ ќе отвори пат кон нови соработки
Прикажувањето на францускиот филм „А фонд“ или „Семејство без сопирачки“, кој во голем дел се снимаше и на локации во Македонија, почна деновиве во киното Синеплекс во Скопје.
По тој повод, Мими Ѓоргоска-Илиевска, директорка на Агенцијата за филм на Република Македонија, и амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние, во заедничка изјава ја поздравија соработката во снимањето на филмот помеѓу францускиот продуцент „Шик филмс“ (Chick films) и македонскиот продуцент „Мануфактура“.
Исполнувањето на посебните услови што ги бараше францускиот подуцент, како и поволностите што ги нуди Законот за поврат на средства, беа пресудни за француската страна.
Директорката Ѓоргоска-Илиевска и амбасадорот Тимоние истакнаа дека благодарение на оваа значајна соработка во сферата на аудиовизуелната индустрија, францускиот партнер и донесе бенефит на Македонија во висина од 2 милиони евра за филм со вкупен буџет од 12 милиони евра.
Двајцата воедно изразија надеж дека прикажувањето на овој филм ќе придонесе за промоција на Македонија како интересна дестинација за филмски потфати и ќе отвори пат кон нови соработки.
Според амбасадорот Тимоние, филмот „Семејство без сопирачки“ има одличен одек кај француската публика и добро е рангиран на францускиот бокс-офис.
Ново на Сител
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет