Свет
6. July 2017 - 10:30

Тилерсон: Претседателите на САД и Русија треба да разговараат за билатералните односи

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека е важно претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин „добро да разменат“ ставови за природата на билатералните односи, додавајќи дека намерите на Москва се непознати.

- Би кажал дека во овој момент тешко е да се прецизира какви се намерите на Русија за билатералните односи, посочи Тилерсон пред поаѓањето на состанокот на Г-20 во Хамбург.

Тој наведе и дека САД се подготвени да разговараат со Русија за стабилизација на ситуацијата во Сирија, вклучително и за решавање на прашањето за зоните забранети за летови, за набљудувачи за прекин на огнот на копно и за координација на хуманитарната помош.

- Доколку нашите две земји заедно би работеле на воспоставување на стабилност на теренот, со тоа ќе биде поставен темелот за напредок за решавање на на политичката иднина на Сирија, наведе Тилерсон.

Американскито државен секретар потенцира дека Русија има обврска да ја спречи Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад да употреби хемиско оружје.

Трамп и Путин ќе се сретнат на маргините на Самитот на Г-20, што утре почнува во Хамбург, а една од темите ќе биде и Сирија.