Бизнис
14. December 2019 - 8:43

„Тиквешки вински салон” во Кавадарци

Здружението „Тиквешки семејни винарии“ денеска првпат ја организира манифестацијата  „Тиквешки вински салон 2019“.

Од 13 до 19 часот ќе се дегустираат вино, ракија, вињак, маџун, произведени од членовите на семејните винарници од Тиквешијата.

– За нивниот квалитет сведочат бројните награди, со кои овие производи се закитија во изминатиот период. Покрај квалитетните производи, ресторанот нуди и храна што може да се вкуси во комбинација со вината, информираа организаторите.

Настанот е поддржан од Здружението на винари „Маседонијан вајнмејкерс“. Влезот и дегустацијата на изложените вина од домашните винарници се бесплатни.