Loading Video...
Кошарка
6. December 2021 - 18:25

ТФТ гостува кај Сигал во меч од БИБЛ лигата

Кошаркарите на ТФТ вечерва (19 часот) гостуваат во Приштина кај составот на Сигал во натпревар од 7.коло на Б групата. 
 
Ова е втор дуел на овие два тима во БИБЛ лигата, откако на отварањето на сезоната во октомври месец ТФТ на домашен терен во Скопје го победи Сигал со 81-77. 
 
Двете екипи во овој меч влегоа со половичен ефект. Нашиот претставник на шесте досегашни натпревари има по три победи и порази, додека косовскиот кој одигра четири натпревари има „скор“ 2-2. 
 
Нашиот втор претставник во БИБЛ лигата, Академија ФМП во среда ќе го игра својот четврти натпревар и тоа трет на гостински терен и тоа во Ботевград кај составот на Балкан. 
 
До крајот на календарската 2021 година, екипата на ФМП Академија ќе одигра уште два натпревари и тоа на домашен терен во Скопје, против Левски Софија на 14-ти и Макаби Хаифа на 20 декември, додека ТФТ ќе треба да го одработи уште дуелот против црногосткиот ти  Ибар, Рожаје и тоа на 15 декември.