-->
-->
Тежок ждреб за македонските тенисери на фјучрсот во Анталија
-->
Силни противници и носители на турнирите за ривали добија македонските тенисери кои настапуваат на фјучрсот во Анталија, Турција. На машкиот фјучрс денеска настап ќе имаат Томислав Јотовски и Горазд Србљак. Јотовски кој на последното рангирање има скок од четири места и се наоѓа на 528.место за ривал го има еден од најдобрите турски тенисери Марсел Илхан, кој е рангиран како трет носител.
Горазд Србљак, кој пак успешно мина три квалификациски кола (победи на мечевите со 2-0 во сетови) за ривал го има вториот носител Иван Неделко од Русија.
На женскиот дел од турнирот ќе игра и Магдалена Стоилковска. Таа во првата рунда ќе игра против првата носителка Ипек Сојлу од Турција.
Стоилковска веќе постигна една победа откако вчера во конкуренција на двојки во стартното коло заедно со Ена Кајевиќ од Хрватска ги победија домашните тенисерки Ебру Зејнеп Јарган и Илај Јорук.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најголема излезност во Карпош: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64