-->
-->
Тежок противник за Силекс во првото квалификациско коло од ЛШ
-->
Македонскиот преставник во Лигата на шампионите ФК Силкес на денешното извлекување во Нион за противник во првото коло од квалификациите го доби првакот на Азербејџан - Карабах. Ривалот на Силекс е силна екипа која е осумкратен шампион на Азербејџан, а седум титули има освоено последните седум сезони.
Според ждрепката натпреварот треба да се игра во Баку на 18 или 19.август. Поради пандемијата со КОВИД 19 оваа сезона во квалификационите кола од Лигата на шампионите ќе се игра само еден натпревар, а домаќинот е одрреден со ждрепка.
Тимот на Карабах во сезоната 2017 настапуваше и во групната фаза од ЛШ каде во конкуренција на Челзи, Атлетико Мадрид и Рома имаше два нерешени дуела и четири порази. Во сезоната 2013/14 во првото коло од квалификациите тимот од Азербејџан играше против скопски Металург и постигна две минимални победи од 1:0 во двата дуела.
Во другите двојки од првото квалификациско коло кое е на програмата на 18 и 19.август ќе играат:
Ференцварош (Унгарија) - Ѓургарден (Шведска)
Селтик (Шкотска) - Рејкјавик (Исланд)
Легија (Полска) - победникот од елиминациите Дрита (Косово) - Линфилд (С.Ирска)
Шериф (Молдавија) - Фола (Луксембург)
Конах (Велс) - Сараево (БиХ)
Црвена Звезда (Србија) - Еуропа (Гибралтар)
Будуќност (Црна Гора) - Лудогорец (Бугарија)
Арарат (Ерменија) - Омонија (Кипар)
Флориана (Малта) - Клуж (Романија)
Макаби Тел Авив (Израел) - Рига (Летонија)
Карабах (Азербејџан) - Силекс (Македонија)
Динамо Тбилиси (Грузија) - Тирана (Албанија)
Динамо Брест (Белорусија) - Астана (Казахстан)
Молде (Норвешка) - КуПС (Финска)
Флора Талин (Естонија) - Судува (Литванија)
Цеље (Словенија) - Дандалк (Р.Ирска)
КИ (Фарски острови) - Слован Братислава (Словачка).
Извлекувањето на двојките за второто квалификациско коло ќе се одржи утре со почеток во 12 часот истотака во Нион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово