Тетовското архиерејско намесништво препорача семејните слави да се одбележуваат во кругот на најблиските
Тетовското архиерејско намесништво упати апел до верниците за семејните слави благословувањето на лебот, виното и пченицата наместо во црква да го прават дома. Воедно препорачаа празнувањето на семејниот заштитник да се одбележи само во најтесниот круг на блиските роднини како начин на заштита од ширење на коронавирусот.
– Секое семејство си има свој заштитник, патрон кој го слави, на кој му се моли и кој го прославува во овој период. Согласно со кризата со короната, често се прашуваат, како во оваа година, како да ги празнуваат славите. Ние како свештенство од тетовското архиерејско намесништво одлучивме славските лебови да ги кршиме по домови, почитувајќи ги препораките за заштита од корнавирусот. Луѓето треба да имаат подготвено леб, пченица, вино и свеќа. Свештениците во одреденото време ќе дојдат до домовите на верниците и ќе ги благословат славските лебови, пченица и вино, истакна отец Александар Стојановски.
Свештениците велат дека главното празнување на семејните слави се молитвите и благословувањето на лебот, пченицата и виното, додека славските трпези се додаток и дека поради ситуацијата не се препорачани.
-Следејќи ги препораките на Министерството за здравство препорачуваме прославата со славски трпези да биде во потесното семејство и меѓу побслики роднини, да нема масовни собирања како што има. Има некои слави со по 100 луѓе но да нема толку собирање на луѓе дома. Само со најблиските луѓе да се организира славскитот ручек. На крајот од краиштата, доаѓање на Света литургија, кршењето на славскиот леб дома, молитвата кон светителот, читањето на житието на светителот се најважните обележја на празнувањето на славата. Прославата со ручек и слично е додаток, потенцира свештеникот.
Тетовското архиерејско намесништво поради состојбата одложи и осветување на новоизграден параклис во кругот на црквата „Света Богородица“ во Тетово.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок