Македонија
15. August 2019 - 10:57

Тетовската полиција приведе тројца наркодилери

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово на синоќа во 22:40 часот во близина на угостителски објект во тетовското село Жеровјане, запреле патничко моторно возило „Ауди А6“ со гостиварски регистарски таблици,  што го управувал 36-годишниот гостиварец Ш.Б, а во кое како совозач се наоѓал и 42-годишниот М.Ј, исто така, од Гостивар. При нивен и преглед на возилото, пронајден е кокаин.

Двајцата се приведени во Полициската станица Тетово, а по документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Претходно околу 21 часот, на улица „Ѓорче Петров“ во Тетово, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово го лишиле од слобода 33-годишниот Љ.С. од Порој, кај кого при преглед е пронајдена марихуана.