Македонија
14. јуни 2019 - 19:05

Тетовец избодел сограѓанин, при приведувањето нападнал полицаец

Вчера околу 22 часот во Тетово полициски службеници го привеле Е.А.(31) од Тетово поради тоа што околу 20.20 часот на ул.„Кавкаска“, по претходна расправија, Е.А. со остар предмет му нанел повреди на Р.А.(28) од Тетово.

Р.А. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза “ во Скопје за укажување на помош.

При приведувањето Е.А., дал отпор и физички нападнал полициски службеник.

Е.А. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.