Тетовци и денеска на протест поради загадувањето
Во Тетово и денеска се одржа протест организиран од невладината Еко герила поради загадувањето на воздухот во градот. Претседателот на Еко герила Аријанит Џафери во името како што рече на собраните граѓани на плоштадот во Тетово побара од Министерството за животна средина и општина Тетово итно преземање мерки што вистински ќе придонесат за почист воздух во градот.
- Да се запре веднаш процесот на производство на Југохром додека не се стават филтри. Релокалција на дивата депонија на влезот во градот и запирање и воведување режим за користење на возилата без еколошки стандарди и да се реши сообраќајниот хаос . Бараме овие точки да се решат најдоца до петок 25 декември 2015, изјави Џафери.
Најави дека доколку овој рок не биде испочитуван ќе ги повикаат граѓаните на Тетово да ги блокираат општината, судот и другите институции во градот, како и пристапните патишта до фабриката Југохром, можен е и протест пред Владата во Скопје. На днешниот протест се придружија и повеќе други невладини здруженија, граѓански организации и поединци.
- Не треба да има дилеми дека нашата цел ќе ја оствариме. Сакаме здрава животна средина и сакаме чист воздух, рече Сретен Коцески од невладиниот Институт за развој на заедниците од Тетово.
- Чувајте ги младите и старите. Информирајте се на дневна основа каква е загаденоста на воздухот и напијте се по шетање низ град една чаша млеко, рече активистот Валентин Тасевски.
Откако на почетокот од неделава нивото на ПМ 10 честичките во воздухот во Тетово неколку часа изнесуваше околу 1000 микрограми на метар кубен воздух што е 20 пати над дозволеното, од средата општината ја прекина наставата во сите средни и основни училишта, како и во градинките во градот. Протест против загадувањето на воздухот се одржа и вчера со блокирање на трите влеза и излези од Тетово и со собир на градскиот плоштад.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот