Македонија
12. October 2018 - 15:52

Тетовчанец си доби шест години казна затвор

Тетовчанец осуден на шест години казна затвор.

- На 11.10.2018 година околу 17.30 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово го привеле Ј.А.(29) од Тетово, кој е осуден на казна затвор од шест години и шест месеци. По приведувањето во Полициската станица Тетово, Ј.А. бил предаден за издржување на затворската казна во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје, стои во билтенот на МВР.