Македонија
18. July 2016 - 12:31

Тетовчанец прегазил две млади момчиња

Два часа по полноќ на автопатот Скопје-Тетово се случила сообраќајна незгода во која едно лице го загуби животот. Според податоците од македонската полиција, 38-годишниот Р.Р. од Тетово, управувајќи моторцикл „Сузуки“  со тетовски регистарски ознаки, удрил  во 38-годишниот пешак И.С. од селото Сарај, кој бил застанат на лентата за принудно запирање со своето возило „БМВ“ со непознат регистарски број. Возачот удрил и во 28-годишниот М.Х. од населбата Ѓорче Петров, кој исто така бил застанат до возило „Хонда Цивик“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од 28-годишниот Р.О. од Скопје.
 
Во незгодата на лице место починал Р.Р. додека со тешки телесни повреди се здобил И.С. кој е пренесен во Ургентен центар Скопје.
 
Со телесни повреди се здобил и Х.М. кој по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.
 
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од полицијата.