Loading Video...
Фудбал
3. May 2020 - 15:59

Тестовите за Ковид-19 голем проблем за премиерлигашите

Сигурно дека англискиот фудбал ќе биде еден од најпогодените од пандемијата на Ковид-19 доколку властите во Англија и раководството на Премиер лигата не најдат решение лигата да се доврши. 
 
Барем засега во Англија никој немаа идеја кога и дали ќе продолжи фудбалската сезона. 
 
Раководството на Премиер лигата информира дека остварило одделни разговори со владата и клубовите на кои се разговарало за начинот на кој би се обезбедиле потребните тестови за Корона вирус, како играчите и персоналот во екипите редовно би биле тестирани. 
 
Сепак. Станува збор за илјадници тестови за Ковид-19 кои се потребни за редовна проверка на фудбалските тимови, а од друга страна проблем е и нивниот недостаток. 
 
Сигурно дека ова ќе биде и еден од најголемите предизвици на британските здравствени власти и Премиер лигата воопшто, покрај фактот дека времето за доигрување на комплетната сезона е се пократко. 
 
Владините мерки во Велика Британија останува во на сила се до четврток, кога се очекува новата одлука, но прашање е дали и покрај желбата клубовите да започнат со натпреварување кон крајот на јуни, па низ забрзано темпо да завршат до август, ќе има доволно време Премиер лигата да го реализира својот план. 
 
Меѓу комбинациите за заокружување на сезоната се споменува и можноста лигата да се доигра во Австралија. 
 
Според информациите кои ги лиферуваа англиските медиуми веќе е разговарано со тамошните власти, односно градот Перт да биде домаќин на сите дури 92 преостанати натпревари од сезоната. 
 
Австралијците веќе објавија „победа“ над пандемијата, но и доколку се случи премиерлигашите да играат во Австралија, сепак тоа ќе биде пред празни трибини