Македонија
2. February 2021 - 11:05

Тешко повредено едно лице во сообраќајка кај струшко Мислешево

Вчера во 09.20 часот на крстосница на магистрален и локален пат, во близина на струшкото с.Мислешево, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хјундаи“, со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(59) од Струга и товарно возило „форд“, со струшки регистарски ознаки, управувано од М.С.(62) од струшкото с.Драслајца, соопштуваат од МВР.

Во незгодата, возачот А.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.