Македонија
17. October 2019 - 11:53

Тешко повредени мотоциклист и малолетник во Визбегово

Вчера во 13.00 часот во с.Визбегово, скопско, Б.Р.(63) од Скопје, управувајќи мопед „џонвеј“, со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и сопатник -малолетник и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.