Македонија
16. July 2021 - 12:08

Тешко повредени две лица во сообраќајна несреќа помеѓу мотор и патничко возило во Куманово

На 15.07.2021 околу 12.55 часот на крстосница од ул.„Бајрам Шабани“ и ул.„Томко Димков“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(25) од Куманово и мопед „априла“, со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Ј.(23), каде сопатник бил М.Б.(18), и двајцата од Куманово.

По незгодата М.Ј. и М.Б. биле пренесени во Општа болница Куманово, каде на  М.Ј. му се констатирани тешки телесни повррди, а на М.Б. му се констатирани повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.