Македонија
1. May 2021 - 12:44

Тешко повредени две лица откако со автомобил излетале од коловозот

На 30.04.2021 во 16.30 часот било пријавено дека на автопатот Градско-Неготино, кај Стоби, патничко возило „форд фокус”, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Џ.(62) од Скопје, излетало од коловозот.

Во незгодата В.Џ. и сопатничката Т.Ѓ.(68) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Кавадарци.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Неготино.