Тешко повредени двајца возачи во сообраќајка на патот Струмица – Ново Село
Двајца возачи се здобиле со тешки телесни повреди, а еден со телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случи синоќа на Магистрален пат А4 Струмица – Ново Село, во близина на село Дабиље.
Како што информираат од МВР, сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со италијанска национална ознака, управувано од В.А.(52) од село Еднокуќево, струмичко, патничко возило „ауди а3“, управувано од М.М.(31) од Струмица и патничко возило „фиат типо”, управувано од М.К.(52) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки.
Во несреќата возачите В.А. и М.М. се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот М.К. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир
-
Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата