Македонија
6. September 2020 - 10:42

Тешко повредени двајца во сообраќајна незгода на патот Берово - Виница

Вчера во 19,55 часот на регионален пат Берово-Виница на место викано „Скараница“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.Н.(70) од с.Истибања, и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(40) од с.Арачиново,скопско. Во незгодата со повреди здобил М.Н. кој бил пренесен во Медицински центар Кочани за укажување на лекарска помош, а А.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил префрлен во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Виница.