Македонија
27. October 2017 - 14:15

Тешко повредени двајца мажи во сообраќајка со машина за сечење дрва во Охрид

Охриѓанец се здобил со тешки повреди при сообраќајка сомажина за сечење дрва.

Од МВР известуваат дека вчера во 13 часот и 45 минути на локалниот пат во населба Рача-Охрид се случила сообраќајна незгода во која мобилна машина за сечење на дрва марка „Аран“ , управувана од 75- годишниот Р.Л од Охрид, со задниот дел удрила во камен и се превртела.

Во соопштението се вели дека  со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Л., кој бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св.Еразмо“-Охрид. Со телесни повреди се здобил сопатникот 49- годишниот Р.Р од Охрид, кој бил пренесен и задржан на лекување во Општа болница Охрид.

Увид на местото на настанот  извршила екипа од СВР Охрид.