Македонија
14. May 2016 - 14:23

Тешко повредена велешанка од удар на возило

Н.Г. (82) од Велес е тешко повредена откако вчера попладне во неа удрило возило „Фолксваген пасат“, управувано од  М.Ш. (39).

Како што соопшти полицијата, несреќата се случила во 17:45 часот, на крстосницата меѓу улиците „Борис Трајковски“ и „11-ти Октомври“.

Н.Г.  е пренесена во Јавната здравствена установа - Велес, каде и е укажана лекарска помош и е задржана на натамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Велес.