Македонија
2. October 2020 - 11:13

Тешко повредена малолетничка од Скопје откако возило удрило во неа

Вчера во 22.20 часот во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било донесенa малолетничка од Скопје со тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Според пријавеното, околу 19.00 часот, додека се возела со велосипед на ул.„Шуто Оризари“, била удрена од патнично возило, по што возачот ја однел во нејзиниот дом.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.