-->
-->
Тешко повредена кавадарчанка откако автомобил удрил во неа
-->
Со тешки телесни повреди се здобила вечерва кавадарчанка, родена 1959 година, откако автомобил удрил во неа во новиот центар на Кавадарци, во близина на новоизградената црква "Света Петка".
Началникот на кавадаречката служба за итна медицинска помош Антоан Паракеов информира дека брзата помош интервенирала на лице место.
- Во тешка здравствена состојба, жената е однесена на хируршкото одделение во општата болница во Кавадарци, вели Паракеов.
Началникот на хируршкото одделение Дано Кулев вели дека поради сериозноста на повредите, жената во придружба на анестезиолог и медицинска сестра е препратена на лекување во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење