Македонија
6. July 2021 - 11:42

Тешко повредена 22 годишна девојка во сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет и автомобил

На 05.07.2021 во 13.00 чaсот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.„Македонско-косовска бригада“ и ул.„Втора македонска бригада“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „тојота“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Х.(74) од с.Визбегово, скопско, и електричен тротинет „ксиаоми“, управуван од Ф.К.(22) од Скопје.

Во незгодата Ф.К. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.