Македонија
4. March 2017 - 14:03

Тешко повреден скопјанец се бори за живот

На 03.03.2017 година околу 21,30 часот во ЕИК-Скопје телефонски од ГОБ „Наум Охридски“ пријавиле дека кај нив бил донесен Д.С. (37) од Скопје кој од страна на непознат сторител бил прободен со остар предмет пред сопствениот дом на ул.„9-ти Мај“. Од страна на лекар на истиот му била констатирана тешка телесна повреда (убодна рана во пределот на левата страна во грбот-прободено белодробно крило) и истиот бил задржан на понатамошно лекување. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.