-->
-->
Тешко повреден шумар додека работел во кавадаречката шума
-->

Вчера во 14.05 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во болницата во Кавадарци со повреди бил донесен Ѓ.С.(56) од Кавадарци, вработен во Јавното претпријатие „Македонски шуми“ - подружница „Бор“- Кавадарци.
По укажаната помош, тој бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Според пријавата, Ѓ.С. се здобил со повреди додека извршувал работни задачи истиот ден околу 11 часот на место викано „Голем Љубаш“.
Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци. Се работи на расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
-

Фицо го одби предлогот на Мерц за полесно проширување на ЕУ
-

Антикорупциска откри незаконски вработувања и исплати во ТЕЦ Неготино
-

Градоначалникот на Скопје не отстапува со ограда да го затвори преминот на Бит Пазар – Граѓаните бараат семафор
-

Јаневска: Студентите повеќе нема да бркаат глувци и да им се тресат лифтовите
-

Протест на вработените во секторот игри на среќа - ако се донесе законот, ќе останеме на улица
