-->
-->
Тешко повреден пешак во Куманово
-->
Т.С. (8) од Куманово е тешко повреден откако вчера попладне во него удрило „БМВ“.
Како што соопшти полицијата, незгодата се случила во 15:30 часот на улицата „Перо Чичо“, пред главниот влез на средното училиште „Гоце Делчев“. Возилото било управувано од Т. Т. (1977).
Т.С е пренесен во Медицинскиот центар - Куманово каде му е укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите е пратен во скопскиот Ургентен центар.
Екипа од Секторот за внатрешни работи изврши увид на местото на несреќата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари