Македонија
3. јуни 2021 - 16:06

Тешко повреден пешак откако бил удрен со моторно возило кое го напуштило местото на несреќата

На 02.06.2021 во 10.15 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, патничко моторно возило „пежо боксер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано до М.Б.(26), удрило во пешакот Н.К.(78) од Скопје и го напуштило местото, но подоцна бил пронајден. Н.К. била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.