Македонија
29. May 2021 - 11:36

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Скопје

На 28.05.2021 во 23.25 часот на ул. Kемал Сејфула во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „априлија РС-125“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.К.(20) од Скопје и патничко моторно возило „ауди А-6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(36) од Скопје, информира МВР.

По незгодата А.К. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.