Македонија
10. May 2021 - 11:25

Тешко повреден мотоциклист во Битола по судир со патничко возило

На 09.05.2021 во 16.32 часот било пријавено дека во Битола, на крстосницата од ул.„Партизанска“ и ул.„Студентска“, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „дукати мултистрада“, со скопски регистарски ознаки, управуван од З.В.(50) од Битола и патничко возило „шкода октавија“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(39) од Битола.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкаta болница Битола. Увид извршила увидната екипа на СВР Битола.