Македонија
30. November 2018 - 10:15

Тешко повреден мотоциклист во Aрачиново

Синоќа во 20.30 часот на регионалниот пат Скопје - Куманово, во село Арачиново, мотоцикл „Јамаха“, управуван од М.Р.(21) од село Арачиново, изгубил контрола и паднал на коловозот. Притоа, М.Р. се здобил со тешки телесни повреди и со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, па препратен во комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.