Македонија
12. September 2020 - 11:26

Тешко повреден малолетен пешак во скопско Арачиново

Патничко моторно возило кое го управувало 19-годишник вчера удрило во малолетен пешак. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди. Како што соопштуваат од МВР:

„На 11.09.2020 во 19,40 часот било пријавено дека во с.Aрачиново-скопско патничко моторно возило “цитроен ц-2“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.Б.(19) од с.Арачиново удрило во малолетник.

Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница “Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.“