Македонија
9. јуни 2023 - 12:13

Тешко повреден малолетен пешак во Скопје

На 07.06.2023 во 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Гвадалахара“ во Скопје, патничко возило „цитроен ц4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(24) од Скопје, удрил во малолетен пешак од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.