Македонија
11. July 2021 - 11:54

Тешко повреден 43 годишен маж откако со својот мотор излетал од коловозот

На 11.07.2021 во 04,45 часот било пријавено дека во Штип на ул.“Гоце Делчев“ мопед “кивеј-50“ со штипски регистарски ознаки управуван од Т.Џ.(43) од Штип излетал од коловозот.

Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Штип.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.