Македонија
31. March 2021 - 11:17

Тешко повреден 42 годишнен маж откако со своето возило излетал од патот

На 30.03.2021 во 21.30 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат од село Пирава кон село Јосифово, валандовско, Г.Р.(37) од с.Јосифово, управувајќи возило „фолксваген голф“, со валандовски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.К.(42) од с.Јосифово, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија. Увид на местото извршиле полициски службеници од Полициската станица Валандово