Македонија
1. January 2021 - 13:01

Тешко повреден 28 годишен маж откако излетал со својот автомобил од коловозот

На 01.01.2021 во 01.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар - с.Чегране, кај с.Форино, патничко возило „рено меган“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(28) од с.Чегране, излетало од коловозот. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар во Гостивар. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.