Македонија
2. December 2021 - 15:05

Тешко повреден 18 годишен мотоциклист откако удрил во столб

18-годишно момче од Валандовско е тешко повредено откако со мотоциклот кој го управувал удрил во столб.

Според МВР, вчера во 15:00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на ул. Цветан Димов во с. Пирава, Валандовско, Б.Р.(18) од истото село, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во столб.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.