Македонија
31. August 2020 - 11:57

Тешко повреден 16 годишник во сообраќајна незгода во Прилеп

На 30.08.2020 во 21.00 часот било пријавено дека на крстосницата од Кеј „9-ти Септември“ и ул.„Сотка Ѓорѓиоски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(52) од Скопје и мопед „априлија“ со прилепски регистарски
ознаки, управуван од 16- годишник од Прилеп. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.